(ФОТО) Снег во јули во Романија

Среде лето 2026, снег падна во Романија, и тоа на планината Бучеџ ❄

Продорот на значително ладниот воздух од истокот и од североистокот на Европа во оваа земја си го направи своето.

Да напоменам дека дел од овој ладен бран се спушти и до Македонија и денес наутро донесе доста ниски утрински температури во јули, најниска температура утрово од 4.6 степени беше измерена во Берово.