Сабота 11 јули: Умерен топол бран ни носи сончево и топло време во Македонија, со променлив ветер

Денешниот ден сабота 11 јули во Македонија ќе ни донесе сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Поради влијанието на умерен топол бран од југ, односно од Африка, температурите денес ќе бидат во пораст и максималните дневни температури на воздухот во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени.

 

Во Скопје и околината исто така денес сабота 11 јули времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променливп правец. Максималната температура на воздухот денес во Скопје и околината ќе се искачи до околу 34 степени, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

 

slavcometeo.mk