(ФОТО) Торта со ангелски крилја за 45 роденден од Тоше, направи неговата сестра Дора

На денешен ден, 25 јануари 1981 година, е роден Тоше Проески – човекот чиј глас, хуманост и харизма оставија неизбришлива трага во македонската и балканската култура. Денеска, тој ќе го славеше својот 45-ти роденден.

Иако физички не е присутен, споменот за него живее преку неговите најблиски. Неговата сестра Дора и годинава ја продолжи традицијата на тивко и длабоко лично сеќавање.

Дора сподели фотографија од роденденска торта посветена на нејзиниот брат.

Тоше беше познат по својата исклучителна поврзаност со семејството. И покрај блескавата кариера, секој слободен момент го користеше да избега во Крушево кај родителите Доминика и Никола, сестрата Дора и внуците Кристијан и Никола, кои му беа посебна слабост.

 

 

4news.mk