Центар за управување со кризи: Информација за пожари на отворен простор до 07:30

На ден 14/15.07.2026 година, до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои активен е 1 пожар, а изгаснати се 14 пожари.
Активни: 1
Општина Ново Село: с. Бајково (ниска вегетација и мешана шума).
Изгаснати: 14
Општина Кочани: место викано Трајаново Трло (ниска вегетација и отпад).
Општина Чешиново-Облешево: с. Уланци (дива депонија и ниска вегетација).
Општина Теарце: с. Пршовце (ниска вегетација).
Општина Гостивар: с. Речане (ниска вегетација).
Општина Гази Баба: населба Инџиково (стрништа и отпаден материјал).
Општина Бутел: населба Визбегово (отпаден материјал).
Општина Ново Село: с. Мокриево (ниска вегетација).
Општина Босилово: с. Петралинци (ниска вегетација).
Општина Босилово: с. Еднокуќево (ниска вегетација и земјоделска машина).
Општина Дојран: с. Николиќ (ниска вегетација).
Општина Кичево: с. Гарани (ниска вегетација и стрништа).
Општина Струга: с. Лабуништа (ниска вегетација).
Општина Арачиново: с. Арачиново (депонија).
Општина Гази Баба: с. Јурумлери (ѓубре).