Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски синоќа најави дека годинава градот ќе добие новогодишна прослава и украсување како што заслужуваат граѓаните.
„Во претходната програма не беа предвидени средства за предновогодишно украсување, но со ребалансот на буџетот кој ќе се усвои во петок, ќе бидат обезбедени средства за украсување на главниот град. Исто така, ќе биде организирана новогодишна прослава која ќе им овозможи на граѓаните достоинствен пречек на Новата година. Со тоа, Скопје конечно ќе биде украсено како што треба и како што заслужуваат нашите граѓани, рече Ѓорѓиевски во синоќешното гостување на МРТВ.
skopjeinfo.mk




