Џо Бајден има агресивен рак на простата, се проширил на коските

На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностициран рак на простата, соопшти неговиот кабинет вечерва.

На Бајден, 82, му беше дијагностицирана болеста во петокот откако минатата недела посети лекар поради проблеми со уринарниот систем.

Ракот се карактеризира со Глисонов скор од 9 со метастази во коските, се вели во соопштението, што значи дека станува збор за поагресивна форма на болеста.

Додадено е дека Бајден и неговото семејство моментално разгледуваат опции за лекување. Кабинетот на поранешниот претседател, исто така, изјави дека ракот е хормонски чувствителен, што значи дека веројатно може да се држи под контрола.

Тој беше најстариот претседател на САД досега.

Веста доаѓа речиси една година откако Бајден беше принуден да се откаже од претседателската трка во 2024 година поради загриженост за неговото здравје и возраст. Тој е најстарата личност што некогаш била претседател на Соединетите Американски Држави.

 

 

4news.mk