Абортуси на диво со таблети набавени на интернет

Tаблетите за абортус ги има на црниот пазар, додека МАЛМЕД и натаму не ги регистрира и затоа во аптеките ги нема. Но, се купуваат на интернет или во странство, како и со посредство на некои матични гинеколози. Овие абортуси не се контролирани од лекар, а пациентки со компликации помош барале на Гинеколошките клиники.

На интернет, во дел од гинеколошките ординации, но и во аптеки во земјите од соседството – таблетите за абортус се набавуваат нелегално, без надзор и контрола во нивната употреба.

Северна Македонија го воведе медикаментозниот абортус во 2019 година, кога Министерството за здравство го измени Законот за прекин на бременост. Но, како што и претходно пишуваше Радио Слободна Европа, овие таблети – Мифепристон и Мизопристол не се регистрирани во Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД). Зошто Агенцијата сѐ уште не ги регистрира, оттаму нема одговор.

Засега, нивната употреба е легална на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) и Болницата за гинекологија во Чаир. Останатите болници од внатрешноста исто така имаат можност да ги користат, доколку по нивно барање им бидат дистрибуирани од ГАК, која, бидејќи се нерегистрирани, ги набавува преку интервентен увоз.

Каде лежи опасноста?

Иако се смета дека овој метод е побезбеден од класичниот каде абортусот се изведува по хируршки пат, тој често се изведува со таблети кои жените ги набавуваат нелегално и покрај ризикот од несакани последици.

 

 

slobodnaevropa.mk