Почнувајќи од 3 април, секоја прва недела во месецот, секој град во Албанија ќе има ден без автомобили, соопшти денеска албанската влада. Одлуката е донесена за време на глобална енергетска криза, која силно ја погоди земјата, а цените станаа едни од највисоките на континентот.
„Треба да го намалиме сообраќајот најмногу што можеме, а ако не можеме да избегнеме палење на автомобил секој ден, најмалку што можеме, е да го направиме тоа за викенд. Затоа, ние ја почнуваме акцијата Ден без автомобил, првата недела, секој месец“, појасни министерката за туризам Мирела Кумбаро.
Таа истакна оти мерката не е само за да се заштедат пари на гориво, туку и за да се придонесе за заштита на животната средина.
извор/фото: агенции