Александар Тарабунов на Инстаграм сподели поема напишана за Андреј Ѓорѓиески од ДНК,

Александар Тарабунов на Instagram сподели поема напишана за Андреј Ѓорѓиески од ДНК, кој го изгуби животот додека спасуваше други. Неговото тело ќе биде погребано денес во Бутел.

Андреј од Карпош 3

Секогаш ќе бидеш истиот, каде и да си,
добар, смешен и фин, Андреј од Карпош 3.

Со тебе растеа генерации,
со твоите песни од животни ситуации.

Имаше глас што сите нè буди,
во маало сите те паметиме по старите дружби луди.

Таков си беше ти, со сите беше брат,
сега, во овие денови црни, ко некој да нè дави за врат.

Ќе ни фалиш засекогаш,
и во животот ќе ни бидеш водилка ти,
ќе нè потсетуваш да помагаме на луѓе беспомошни,
како што тоа го правеше ти,
Андреј од Карпош 3!

Вечна ти слава

Сочувство до целото семејство.