В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана Пратипати, им се заблагодари на косовските власти за прифаќањето на мигрантите од трети земји кои беа депортирани од САД.
„Благодарност до нашиот партнер Косово, првата земја во Европа што прифаќа мигранти од трети земји депортирани од САД. Обезбедувањето на границата е врвен приоритет на администрацијата на Трамп и ние многу ја цениме Владата на Косово и народот на Косово за нивното партнерство“, напиша Ана Пратипати, вршителката на должноста амбасадор на Амбасадата на САД во Приштина, на социјалната мрежа „X“.
4news.mk