Амстердам ги забрани бродовите за крстарење

Градскиот совет на Амстердам донесе одлука да ги забрани крстаречките бродови во центарот на градот. Се надеваат дека ваквата одлука ќе го ограничи бројот на посетители и ќе го намали загадувањето. Градските власти тврдат дека бродовите за крстарење не се во согласност со одржливите амбиции на градот. Тоа значи дека централното пристаниште за крстарење на реката ИЈ, кое е блиску до централната станица во Амстердам, ќе се затвори.

 

Тоа е најновата мерка во борбата против масовниот туризам во градот. Во март, советот започна онлајн кампања со која ги повика младите Британци кои размислуваат за ергенска забава во Амстердам да престанат да доаѓаат.

Симбол на прекумерен туризам

Бродовите за крстарење станаа симбол на проблемот со прекумерниот туризам, а предлогот за нивно преместување од центарот помина со големо мнозинство. Амстердам стана жртва на сопствената популарност. Околу 20 милиони посетители годишно доаѓаат во градот, а многумина се привлечени од неговата репутација како град за забава.

 

„Крузерите кои ја загадуваат животната средина не се во согласност со одржливите амбиции на нашиот град“, се вели во соопштението цитирано од новинската агенција АФП, центристичката партија Д66, која раководи со градот заедно со социјалдемократите и еколошките активисти.

 

Тие додадоа дека минувањето на бродови за крстарење исто така не е компатибилно со плановите за нов мост помеѓу историскиот јужен кварт на градот и областа Норд, која беше во фокусот на неодамнешните развојни проекти.

 

 

 

index.hr