И по природа, но и во своите приватни и партиски ангажмани мојата водилка е лојалноста и така има да возвратам на искажаната доверба која сум ја добила од народот и партијата. Заедно рамо до рамо секогаш со претседателот проф. д-р Hristijan Mickoski
Нема да гласам за промена на Уставот на Р. Македонија и обезличување. Нема да дозволам пазарење со мојата Македонија, македонскиот јазик, идентитет, богатата историска култура за лажна надеж на членство во ЕУ, напиша пратеничката Бакраческа во својата ФБ објава