Бебе родено во 29. гестациска недела, со родилна тежина од само 1.100 грама и срцева мана, си замина дома. Малото и силно херојче конечно ќе ја почувствува топлината на својот дом по 50 дена поминати во болница.
Моментално тоа е во одлична здравствена состојба и потешко за цел еден килограм, а оваа прекрасна и охрабрувачка вест ја сподели докторот Владимир Чадиковски, кој откри дека новороденчето по раѓањето било во исклучително тешка состојба и поради дијагностицираната срцева мана итно било префрлено на Одделот за детска кардиохирургија, каде започнала борбата за неговиот живот.
„По 50 дена посветен третман, грижа и континуирана борба, денес ова бебе се испишува во одлична општа состојба, со телесна тежина од 2100 грама, заедно со своето семејство. Огромна радост за семејството, но и за нас. Браво за родителите за нивната сила и трпение.
Големо браво за целиот медицински тим од одделот за детска кардиохирургија – за знаењето, посветеноста и човечноста“, истакна д-р Чадиковски во објава на социјалните мрежи.
Тој нагласи дека ваквите приказни нè потсетуваат зошто медицината не е само професија, туку и мисија.
View this post on Instagram




