Кина ja разгледува потенцијалната опција за продажба на раководењето на ТикТок во САД на технолошкиот милијардер Илон Маск за да спречи забрана на апликацијата, објави „Блумберг њуз“, пренесува Анадолу.
Кинеските власти претпочитаат ТикТок да остане во сопственост на матичната ByteDance Ltd., објави „Блумберг“, цитирајќи извори запознаени со прашањето.
Минатата недела Врховниот суд на САД укажа дека ќе ја потврди забраната за ТикТок до 19 јануари, еден ден пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, поради загриженоста за националната безбедност во врска со Кина.
Според „Блумберг“, високи кинески функционери веќе почнале да дебатираат за плановите за вонредни ситуации поврзани со ТикТок во рамките на обемната дискусија за тоа како да се работи со администрацијата на Трамп.
Според едно сценарио, платформата за социјални медиуми Х на Маск – порано Твитер – ќе ја преземе контролата врз американскиот ТикТок.
Се наведува дека официјалните претставници треба допрва да постигнат цврст консензус за тоа како да се продолжи понатаму.
„Не е јасно колку ByteDance знае за разговорите на кинеската Влада или дали ТикТок и Маск биле вклучени. Исто така, не е јасно дали Маск, ТикТок и ByteDance разговарале за условите во одреден можен договор“, се додава.