и Романија од почетокот на 2025 година стануваат целосни членки на безвизниот Шенген систем, откако контролите на воздушните и поморските граници веќе беа укинати на 31 март годинава.
Шенген зоната им овозможува неограничено движење на над 400 милиони жители на Европската Унија. Освен 25 од 27-те земји членки на ЕУ, таа ги вклучува и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.
Напорите на Бугарија и Романија да станат дел од зоната беа блокирани повеќе од една деценија. Европската комисија уште во 2011 година им даде зелено светло на двете држави да влезат во слободната зона, но, во најголем дел, поради противењето на Австрија, нивното членство беше блокирано. Виена тврдеше дека голем број илегални мигранти влегуваат во Австрија токму од овие две земји. Одлуката за проширувањето на Шенген зоната во ЕУ се носи едногласно.
„Ова е историски момент, конечно да им посакаме добредојде на Бугарија и Романија“, изјави унгарскиот министер за внатрешни работи Шандор Пинтер, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.