Вагон со фосфорна киселина излета од шините на пругата кај Зајечар

Вагон на товарен воз што превезувал фосфорна киселина ноќеска излета од шините во близина на Зајечар, во источниот дел на Србија.

Како што соопшти српското МВР, инцидентот се случил на неодамна реконструираната железничка пруга Заечар – Књажевац, нешто по 1 часот по полноќ кога од шините излизгал товарен воз со фосфорна киселина кај селото Вратарница. Полицијата уште посочи дека нема превртување на вагони, оштетени резервоари ниту излевање хемикалија.

Полицијата и пожарникарите се на терен, а увидот е во тек, соопшти МВР на Србија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

 

извор: Инстаграм