Парламентот на Венецуела донесе одлука за олабавување на државната контрола врз нафтената индустрија на земјата. Националното собрание со мнозинство гласови се изјасни за отворање на нафтениот сектор за приватизација. Вршителката на должноста претседател, Делси Родригез веднаш потоа ја потпиша реформата во присуство на голема група државни нафтени работници и поддржувачи на владата.
Државната контрола врз нафтениот сектор беше клучен елемент на социјалистичкото движење на поранешниот претседател Уго Чавез. Сега спроведените измени следуваат по американскиот воен напад врз Венецуела на почетокот на јануари, при кој администрацијата на Трамп го зароби тогашниот претседател Николас Мадуро. Родригез го предложи олабавувањето откако претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека американската влада ќе ја преземе контролата врз извозот на нафта од Венецуела.
Додека законот се усвојуваше, американското Министерство за финансии веќе официјално започна да ги олабавува санкциите против венецуелската нафтена индустрија, кои своевремено ја имаа парализирано, и истовремено ги прошири можностите за американските енергетски компании да работат во јужноамериканската земја.
Американската влада следи амбициозен план за обнова на нафтениот сектор во Венецуела. Според Вашингтон, САД имаат намера да ги администрираат продажбите на нафта „на неопределено време“.
DW




