(ВИДЕО) Карлеуша со македонско знаме ја отпеа „Бисер Балкански“ на концертот во Скопје

„За најпрекрасните браќа Македонци“ – кажа Карлеуша и со знаме во рака ја отпеа „Бисер балкански“ заедно со публиката. На концерот во Скопје таа направи уникатно шоу и промени повеќе аутфити, светкави, секси и разголени, во нејзин стил.

На 19.10.2024 во Арената „Јане Сандански“, Јелена Карлеуша одржа концерт со кој ја започна својата турнеја „Алфа и Омега“.

Предгрупа на концертот беа ДНК, кои освен своите најголеми хитови, испеаја и песна од нашиот Тоше Проески.

Српската ѕвезда концертот, како што најави, на концертот во Скопје ја отпеа македонската песна „Бисер балкански“.

„За најпрекрасните браќа Македонци, ова го подготвив само за вас“ – рече таа, зема македонско знаме во рака и запеа заедно со публиката во цел глас.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Telegraf.rs (@telegraf.rs)