Работиме доста интензивно на оваа секција 2, односно на автопатот кој што оди од Гостивар до Букојчани, кој што од другата страна треба да се поврзе на автопатот Гостивар до Тетово, а во долната страна треба да се поврзе со автопатот кој ќе се гради од Букојчани до Кичево.
Она што ми е драго е тоа што градежништвото расте, во третиот квартал минатата година растот беше од 21%, што не е запаметено во независна Македонија и така ќе продолжиме во периодот што е пред нас. Обврските што ги имаше државата се веќе завршени, односно околу 90% од експропријацијата е завршена.
Благодарност до премиерот Hristijan Mickoski за поддршката што ја дава за овој проект, со силна динамика до крајот на 2029 година да го завршиме овој автопат без отстапки од рокот. Задоволство е да се гледа прогресот и да се гледаат добрите резултати!



