(ВИДЕО) Погледнете како изгледа Венеција во зима, море нема

Зимските недели без врнежи предупредуваат дека Италија може да се соочи со нова екстремна суша. На Алпите годинава има половина снег од вообичаеното, велат научниците и еколошките здруженија, а пренесува The Guardian.

 

Венеција е доказ дека има исклучително малку врнежи. Некои канали се суви, во други водата едвај се гледа. Гондоли лежат во калта.

Во Венеција се среќаваат неколку фактори кои ги празнат каналите – недостаток на дожд, полна месечина, морски струи… Сличен проблем со недостиг на вода е забележан и низ Италија.

 

Да потсетиме, минатото лето, во јули, Италија ја погоди најтешката суша во последните 70 години, а беше прогласена и катастрофална состојба.

index.hr