(ВИДЕО) Снимено ново, младо рисче во Националниот парк „Шар Планина“

Од Националниот парк „Шар планина“ денеска со видео објава споделија убава вест. Ја споделија радоста дека имаат принова – ново мало рисче.

„На една од нашите трап-камери забележавме мајка рис со малечко, и двете во одлична здравствена состојба. Со ова, бројката на документирани рисови на Шара се зголемува од 1 на 3 единки! По успехот минатата година, кога првпат снимивме мажјак на локалитетот Лешница, денес со огромна радост објавуваме дека и мајка со младенче е регистрирана на територија на Општина Боговиње. Овој историски момент е резултат на долгорочна, упорна и стручно спроведена работа на нашиот тим“, информираат од НП „Шар планина“.