Викендов литија со иконата на Пресвета Богородица – Троеручица во центарот на Скопје

Претстојниот викенд, поточно во недела на 21. септември, се слави рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) – еден од големите празници на Светата православна црква.

Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да и оддадат заслужено признание и на неговата мајка.

– В сабота, на 20 септември 2025 година, во навечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица, со почеток во 17:00 часот, ќе се отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје. По Вечерната, ќе следува Литија со иконата на Пресвета Богородица – Троеручица околу централното градско подрачје. Ги покануваме сите верни чеда да земат молитвено учество на Вечерната богослужба и на Литијата, информираат од скопската епархија.

skopjeinfo.mk