Вкупно 102 групи производи ќе имаат ограничени маржи

Владата  донесе одлука за ограничување на бруто профитната маржа на 102 групи производи или на повеќе од 1.000 прехранбени и непрехранбени производи.

На 5 отсто се ограничува бруто профитната маржа на основните осум прехранбени производи: млеко, леб, брашно тип 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко.

На 10 отсто е ограничена маржата на месо и преработки од месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз и тестенини.

На 15 отсто е ограничена маржата на свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, сапун, тоалетна хартија и слично.

Марјан Ристески, заменик-министер за економија и труд, рече дека со оваа одлука се задолжуваат сите трговци на рафт да имаат најмалку 70 отсто од овие 102 групи производи.

Дополнително, донесена е и одлука за утврдување на највисоки цени на осум групи основни прехранбени производи при што како највисока цена се утврдени цените од 1 февруари 2025 година.

„Нашите очекувањата се дека со овие две одлуки цените на основите прехранбени производи ќе се намалат во просек за околу 10 отсто, освен осумте основни прехранбени производи – млеко, леб, брашно тип 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко за кои се очекува да останат на исто ниво, односно да не се зголемуваат или да има минимално намалување“, рече Ристески на прес конференција на 18 февруари.

 

 

 

slobodnaevropa.mk