Нешто пред 15 часот попладнево, воен дрон се урна на југот на Косовска Митровица.
Станува збор за тактичко извидувачки дрон од израелско производство Elbit Skylark 1, потврдија од КФОР за косовски Телеграф.
Додаваат дека дронот се урнал поради дефект и дека нема повредени. Исто така, нема штета, велат оттаму. Тие тврдат дека дронот паднал во приватен двор додека вршел рутински операции за надзор.
Врз основа на податоците за земјите кои го користат овој уред, може да се претпостави дека се работи за беспилотно летало на хрватскиот контингент или единици на КФОР кои престојуваат на Косово и Метохија.