Возилото кај Рашче извлечено од Вардар, пронајдени три тела

Од него се извадени телата на три лица, но потрагата продолжува по четвртото лице. Ова се последните информации од Центарот за управување со кризи.

За потсетување, излетувањето на возилото во Вардар било пријавено околу 16:00 часот, а од минувачите било забележано дете за кое се верува дека излетало од возилото пред падот во реката. Според др. Јовчевски од Клиниката на детска хирургија, состојбата на детето е стабилна, но тоа е задржано за дополнителни испитувања.

 

 

 

skopjeinfo.mk