Денес не стоиме пред обичен историски лик. Стоиме пред стожер на македонската национална идеја, пред еден од столбовите на нашата револуционерна, идеолошка и државотворна мисла – Ѓорче Петров.
Повеќе од еден век подоцна, оваа реченица може да се најде и во нашата програмска визија, да изградиме држава која не дели, туку обединува. Држава на сите, држава со иднина.
И токму затоа, денес со гордост велиме, ги градиме темелите на промените! Тие темели не се само камен и бетон, тие се правда, надеж, институции, систем што работи за народот.
И токму затоа, денес кога ја подигаме државата од темел, кога ја обновуваме вербата кај народот, се потпираме токму на оваа мисла. Обединети, со свест и со јасна цел, ја движиме Македонија напред кон економија што расте, образование што вреди и институции што служат.
Ние ќе ја довршиме неговата мисија. Ќе ја направиме Македонија место за живеење, не за иселување, ќе ја вратиме надежта. Ќе го вратиме достоинството, ќе ја изградиме Македонија како што Ѓорче ја замислуваше, со наши современи средства: знаење, чесност, визија и храброст.



