Албанскиот технички комитет на експерти за справување со пандемијата, одлучи да се укине полицискиот час, воведен во средината на ноември 2020 година, a што траеше од 23 до 6 часот.
По направената проценка на епидемиолошката состојба во земјата сè уште останува во сила мерката за носење заштитна маска во затворени простории и на места каде што не може да се одржи растојание.
-Во земјава има постојано подобрување. Се укинува полицискиот час, останува мерката заразените да останат изолирани пет дена, носењето заштитна маска во затворени простории и каде што не може да се одржува растојание. Подобрувањето на оваа состојба доаѓа од процесот на вакцинација. Мораме со интензитет да продолжиме со овој процес и да почнеме со имунизација и на деца над 12-годишна возраст – информираше Мира Ракацоли, претседателка на Комитетот и заменик министерка за здравство.
Исто така, во сила останува и мерката со која за влез во земјата треба да се поседува сертификат за примени две дози вакцина, како и онаа со која на спортски и културен настан или други собири се дозволува исполнетост од 30 отсто од капацитетот.
фото: