На 25.03.2021 во периодот од 22.40 до 23.30 часот во напуштени објекти на поранешна свињарска фарма во с.Речица, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот пронашле 23 лица мигранти од Пакистан. На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово и на стариот пат од Куманово кон с.Сопот, во с.Долно Којнаре, кумановско, полициските службеници забележале како мигрантите излегуваат од три возила, кои претходно не застанале на даден знак за запирање. Мигрантите биле предадени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Related Posts
Верифицирани мандатите на новите делегати во локалното собрание на млади
Денеска во големата сала на Општина Охрид се одржа седница на Локалното собрание на млади. На седницата се изврши верификација…
Националната установа „Музеј на Македонија“ оставен сам на себе
Националната установа „Музеј на Македонија“ наместо да го чува, заштитува и резентира културното богатство, сега мириса на влага, која по…
МОН за хакерскиот напад: Нема место за загриженост, немаме заднинска база на податоци
Веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН) од синоќа е хакирана. Во моментов страната е целосно исклучена и до…