За време на новогодишната претстојна ноќ, како и во првите два дена од 2025 година, односно во среда и во четврток (1 и 2 јануари 2025) времето во Македонија ќе биде стабилно, суво, сончево и претежно тивко, но и потопло преку ден. Сепак, по одделни котлини, особено оние котлини кои се наоѓаат во Повардарието ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови, па така во овие котлини преку ден температурата ќе остане пониска.
И во Скопскиот регион во првите два дена од 2025 година (среда и четврток), но и во текот на претстојната новогодишна ноќ ќе имаме ведро, стабилно и сончево време утре и задутре (среда и четврток). Ќе биде претежно тивко. Во ниските предели од котлината ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во утринските часови.
Што се днесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека преку ден температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу -2 степени, додека максималната температура ќе достигне до околу 8 степени, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.