Во Романија ветрот уриваше билборди и дрвја

Бурата Рената стигна и до Романија, каде што се издадени предупредувања за поплави поради силните дождови, додека лапавицата се претвори во снег на планините.

Издадени се предупредувања за поплави за реките во шест окрузи, додека половина земја е под метеоролошки предупредувања за невреме и дожд.

На планините врнежите се претворија во лапавица и снег.

Утрово снежниот слој изнесуваше 52 сантиметри во туристичката област Балеа Лак, на над 2.000 метри во планините Фагараш, каде температурата е само два степена Целзиусови, изјави за Агерпрес метеорологот Нарциса Милијан од Службата за метеоролошки прогнози.

„Можно е да продолжи да паѓа снег во Балеа Лац“, изјави метеорологот.

Засега Трансфагарашан е затворен за сообраќај на делот помеѓу Балеа Каскада и Балеа Лака.

Најголеми проблеми на западот од земјата предизвика ветерот кој урна дрвја и билборди.

Вработени во Службата за вонредни состојби интервенирале во повеќе градови низ Романија.

Засега нема информации за жртви.

Температурите низ земјата се драстично опаднати, со вредности за 15-20 степени пониски од претходниот период.

извор: Република