Во Црна Гора, поради влошување на епидемиската состојба предизвикана од коронавирусот, во следните 15 дена ќе биде задолжително носењето заштитни маски, а здравствените власти уште еднаш апелираа до граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19.
Директорот на Институтот за јавно здравје Игор Галиќ изјави дека поради зголемувањето на бројот на заразени и хоспитализирани лица, воведено е задолжително носење заштитни маски во сите институции на јавната администрација, маркети, аптеки и бензински пумпи.
Галиќ изјави дека е задолжително носењето заштитни маски во затворените места на аеродромот, железничките и автобуските станици и најави дека ако овие мерки не доведат до подобрување на состојбата, ќе следи задолжително носење маски во сите затворени места.
Во периодот од 07.03.2022 до 13.03.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за…