Вучиќ: Недостигот на долгорочен договор за гас со Русија е многу лоша порака за Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави во саботата дека новиот гасен аранжман што Русија ѝ го понудила на Србија – односно продолжување на постојниот само до крајот на годината – е „многу разочарувачка вест“ и „многу, многу лоша порака“.

Три години по почетокот на руската инвазија на Украина, Србија сè уште е енергетски зависна од Русија.

Вучиќ, во телефонско вклучување во програмата на ТВ Информер, појасни дека очекувал потпишување на тригодишен договор за снабдување со гас уште во мај, и дека српската страна во преговорите била „повеќе од фер и чесна“.

„Тие со тоа сакаат да ни порачаат: ‘ако вие тргнете кон национализација на НИС или било што друго, ние можеме да го прекинеме гасот на 31 декември’. И тоа за мене е многу, многу лоша порака во секој поглед, не затоа што планиравме национализација – бидејќи ако навистина планиравме, сè уште немаше да имаме санкции“, изјави Вучиќ.

 

 

 

slobodnaevropa.mk