Германија почна да евакуира свои државјани од Блискиот Исток

Од главниот град на Оман, Мускат, синоќа (4. март 2026) полета првиот евакуациски авион на германската влада во актуелниот блискоисточен конфликт. Авионот на германската компанија Луфтханза од типот Ербас А-340-300 слета утринава според планираното на франкфуртскиот аеродром.

На летот ЛХ345 се наоѓаат лица избрани од германската влада. Тие по нападот на САД и на Израел врз Иран останале заглавени во регионот на Персискиот Залив и морале по копнен пат да бидат пренесени до Мускат. Според зборовите на германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, биле избрани особено ранливи групи, како што се бремени жени, болни лица и деца.

Точниот број на евакуираните патници првично не беше познат. Во стандардната конфигурација на Луфтханза, авионот има 279 патнички седишта, но мора да се пренесат и екипажот од претходниот лет, како и дополнителен персонал.

Ова не е првиот авион што пристигнал во Германија од кризниот регион од почетокот на војната. Уште од вторникот, особено авиокомпании од Обединетите Арапски Емирати нудеа поединечни летови. Со летот од Мускат меѓутоа започна организираната евакуација на германски државјани од регионот.

 

 

 

 

DW