Под влијание на фронтална долина со намален воздушен притисок, но и со поладен воздух на висина, утре (среда) а особено за викендот во нашата Република Македонија на многу места ќе се развиваат конвективни грмотевични облаци од кои очекувам честа појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.
Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.
И во Скопскиот регион ќе има појава на повремен локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме во делови од котлината, особено за време на викендот.
Што се однесува до температурите, нивно повторно опаѓање очекувам за време на викендот, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.