Додека војната ја задушува Европа, Грузија ужива неочекуван економски бум. Земјата со 3,7 милиони жители е на пат да стане една од најбрзо растечките економии во светот оваа година по доаѓањето на повеќе од 100.000 руси откако Владимир Путин ја започна инвазијата и нареди мобилизација за собирање регрути за војната.
Додека голем дел од светот се движи кон рецесија, Грузија се очекува да забележи силен економски раст од 10 отсто оваа година во услови на бум поттикнат од потрошувачката, според меѓународните институции.
Тоа ќе ја стави скромната економија од 19 милијарди долари, позната во регионот по своите планини, шуми и долини на вино, пред пазарите во развој како Виетнам и извозниците на нафта како Кувајт, поттикнати од високите цени на суровата нафта, пишува црногорскиот економски портал Банкар.ме.
„Економски на Грузија и оди многу добро“, изјави за британската агенција Вахтанг Бутшрикидзе, извршен директор на најголемата банка во земјата TBC.
„Постои еден вид бум“, додаде тој. „Сите индустрии работат многу добро, од микро до корпоративни. Не познавам индустрија која има проблеми оваа година“.
Најмалку 112.000 руси имигрирале во Грузија оваа година, според статистиката на граничните премини. Првиот голем бран од 43.000 пристигна откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари и Путин се крена да го задуши противењето на војната дома. Вториот бран уследи откако Путин најави национална мобилизација на крајот на септември, објави грузиската влада.
vecer.press