Рано утрово густа магла го покри мостот „Голден Гејт“ во подрачјето на заливот Сан Франциско во американската сојузна држава Калифорнија, создавајќи мистичен пејсаж , јавува Анадолу.
Фоторепортерот на Анадолу сними импресивни фотографии од местото Марин Хедлендс во Саусалито.
Луѓето се искачуваат на ридот Хок во Марин Хедлендс за да имаат најдобар поглед и да го фотографираат прекрасниот пејзаж.
Мостот „Голден Гејт“ е препознатливо обележје на градот Сан Франциско и еден од најпознатите мостови во светот.
Отворен е во 1937 година по четиригодишна борба на архитектите со немилосрдните ветрови, маглата, карпите и плимата и е еден од најголемите висечки мостови. Долг е 2,7 километри, а закотвен е со кули кои достигнуваат височина од 227 метри.
извор:НОС Холандија