Давкова: Празничните денови нè потсетуваат дека треба да се почитуваме меѓусебно, да се грижиме еден за друг и да им помагаме на послабите од нас, никому да не му чиниме зло

Празничните денови нè потсетуваат дека треба да се почитуваме меѓусебно, да се грижиме еден за друг и да им помагаме на послабите од нас, никому да не му чиниме зло.
Со вечерашната божиќна миса во црквата „Пресвето Срце Исусово“, верниците кои го празнуваат Божиќ по Грегоријанскиот календар започнаа да го слават Христовото раѓање.
Од срце посакувам големиот христијански празник да ви донесе внатрешен мир, спокој во семејството и благосостојба, вам и на вашите ближни.
Честит Божиќ!