Во предвечерието на големиот национален празник 2-ри Август-Илинден, претставници од подружницата Липа од Крушево, предводени од раководителот Јанче Јанески со полагање свежо цвеќе им оддадоа почит на Илинденците, борците од НОБ и членовите на АСНОМ, го одбележаа Илинден во Крушево.
Граѓаните на РСМакедонија можат да бидат горди на постигнатите успеси и реализацијата на историските заложби на Илинденците, за независна, суверена и демократска држава, признаена од целиот свет, партнер на државите од регионот и Европа.

Илинденската идеја има континуитет низ вековите и ги поврзува нашето минато, сегашноста и иднината.
Илинден е нашата сила за иднината, а нашата иднина е европска.
Нека ни е честит и вековит Илинден!
ЈП Национални шуми