Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Демократска партија на Турците на Македонија, која беше дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, денеска преку соопштение информира дека органите на партијата донеле одлука на локалните избори закажани на 19 октомври да настапи самостојно.

-Денес, како Демократска партија на Турците на Македонија, се обраќаме пред вас со одлука што ќе отвори ново и значајно поглавје во политичката историја на турската заедница во нашата земја. По долги и темелни консултации со нашите членови, органи и сограѓани, Централниот управен одбор и Централното собрание на партијата донесе едногласно одлука дека на локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври 2025 година, ДПТМ ќе настапи самостојно – со сопствени кандидати за советници и кандидати за градоначалници во општините каде што живее претежно популација од турската заедница, потенцираат од ДПТМ.

24info.mk