Денешнит празник Света Марена, одбележан и во Елбасанската Митрополија во областа Шпат

Денес во областа Шпат, која е под јурисдикција на Елбасанска Митрополија со радост се празнуваше Света Марена според стариот црковен календар Јулијанскиот календар во црквата посветена на Света Марена во Фуше Корез, кај планината Буканик во областа Шпат. На литургиата присуствуваше и Митрополитот Андон заедно со свештенството отец Јани Ранџа, отец Сотир Точи и ѓаконот Андреа Ранџа.

Верниците од околината и децата на летниот дневен камп што се одржува во близина на црквата во Ѓинар дојдоа да присуствуваат на Божествената Литургија и да му оддадат почит на светителот. Митрополитот Андон во својот говор ги истакна искушенијата на верата низ кои поминала Марена, иако била млада, со силата Божја, сведоштво кое денес мораме да го дадеме во услови на нашето секојдневие. Среќни многу години! Нека светицата ни помага во нашите духовни напори со својот пример и застапништво.

Областа Шпат, која е под црковна јурисдикција на Елбасанска Митрополија празниците ги празнува според стариот црковен календар т.н. Јулијанскиот календар. Тоа е црковниот календар кој се користи од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и други источни цркви, вклучувајќи ја и Вселенската Патријаршија. Инаку, Албанската Православна Црква се служи со Новиот црковен календар т.е. Грегоринаскиот календар.

 

vesnik-ilinden.com