ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња, најдолгото ливче е половина метар

Државната изборна комисија (ДИК) денеска од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња за локалните избори кои ќе се одржат в недела на 19 октомври, а најдолгото ливче е половина метар.

Во изјава за медиумите, претседателот на ДИК, Борис Кондарко истакна дека 17 тимови на ДИК заедно со обезбедување на МВР вршат непречена дистрибуција до сите изборни комисии во земјава.

„ДИК врши дистрибуција и примопредавање на целокупниот доверлив изборен материјал до сите 80 Општински изборни комисии (ОИК) и комисијата на Град Скопје. Доверливиот изборен материјал се состои во сите испечатени изводи на ибирачките списоци, испечатеани изводи на оригиналните обрасци записници за секое избирачко место и секоја ОИК, како и сите гласачки ливчиња. Испечатени се вкупно 4.613.438 гласачки ливчиња за цела држава, а тоа се ливчињата за градоначалници, советници, како и за гласачките ливчиња за Град Скопје, посебно за градоначалници и посебно за Совет на Град Скопје“, посочи Кондарко.

 

 

 

slobodnaevropa.mk