Ја изразувам мојата благодарност за сета доверба, но и одговорност, кои ми ги укажаa претседателот Христијан Мицкоски, Извршниот Комитет и Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, предложувајќи ме за министер за финансии во идната Влада на Република Македонија.Знам колку големи се очекувањата на сите граѓани на Македонија во овие тешки времиња, добро се сеќавам на сите разговори во изминатите години со секој еден граѓанин со кој се сретнав и знам на што се обврзав.Свесна сум за одговорноста која нѐ очекува по преземањето на функциите, но исто така знам дека со посветена работа секоја препрека ќе ја надминеме.Програмата по која ќе работи идната Влада на Република Македонија има голема задача, а таа е враќање на Македонија на народот.Нѐ чека многу работа и уште повеќе проблеми, празен буџет кој е лошо планиран и што уште не. Но, ќе работиме, тоа е единственото што го знаеме, затоа што секој од нас е посветен работник.Успеавме Македонијо, за подобри и поубави денови во иднина, напиша на својот ФБ профил Гордана Димитриеска – Кочоска.
Related Posts
МТСП: 11 Октомври, Денот на народното востание е неработен ден за сите граѓани
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98…
Тупанчевски за Топ Тема – Дисциплинската комисија ќе ги истражи сите околности за случајот со новинарката Соња Делевска која беше повикана на информативен разговор во МВР
Министерството за правда формираше дисциплинска комисија која ќе ги истражи сите детали за случајот кога новинарката, Соња Делевска од порталот…
Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип
Сообраќајот на патот Радовиш-Штип е во прекин, поради случена сообраќајна несреќа. Од АМСМ известуваат дека поради сообраќајна несреќа што се…