Доцна синоќа пукање во Тетово.
Околу 21:15 часот на улица „111“ во Тетово, непознати лица вооружени со автоматска пушка испукале рафали кон семејна куќа сопственост на М.Т.
Напаѓачите, кои пристигнале на скутер, веднаш побегнале од местото.
Во моментот на нападот, во куќата се наоѓале сопственикот и членовите на неговото семејство. Според првичните информации никој не е повреден. На терен се пронајдени околу 30 чаури, а на објектот се забележани значителни оштетувања.
Случајот е пријавен во СВР Тетово, известен е јавен обвинител и во тек се мерки за пронаоѓање на сторителите. Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово.