Нашата земја ги гледа мигрантите не само како работна сила, туку како носители на знаење, искуство, културна размена и економски потенцијал. Регулираното вклучување на странски работници придонесува кон подигнување на продуктивноста, развојот на трудоинтензивни индустрии и стабилизирање на вработеноста, нагласил министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, на регионалната конференција за трудова миграција што се одржува во Будва, во организација на Меѓународната организација за миграции (IOM) и партнерските институции од регионот.
Од Министерството за економија и труд денеска соопштија дека Дурмиши имал обраќање на панел на кој со колегите од регионот се дискутирало за регионалните перспективи за миграцијата на работна сила во Западен Балкан
„За трудовата миграција да биде успешна, таа мора да биде придружена со социјални и интеграциски политики. Тоа значи заштита на работничките права, борба против дискриминација, почитување на културните разлики и обезбедување еднаков пристап до информации и институции“, рекол министерот Дурмиши.
skopjeinfo.mk




