Европратениците ќе го одложат одобрувањето на трговскиот договор со САД

Европратениците на 20 јануари се согласија да го одложат ратификувањето на клучниот трговски договор со Соединетите Американски Држави по заканите на претседателот Доналд Трамп за нови царини поради Гренланд, соопштија главните политички групи во Европарламентот во Стразбур.

Предупредувачкиот удар од Европскиот парламент доаѓа во време кога 27-члениот блок размислува колку силно да возврати ако Трамп продолжи со најавеното против долгогодишните сојузници на Вашингтон, јавува новинската агенција Франс прес

Одложувањето не го поништува договорот, договорен во јули со Трамп по месеци интензивни расправии во кои Вашингтон воведе царини од 15 проценти за стоките од ЕУ.

Но, со суспендирање на одобрувањето,Европарламентот испраќа силна порака на незадоволство до Белата куќа, за која пратениците на ЕУ тврдат дека ќе ги вознемири американските бизниси.

„Тоа е исклучително моќна алатка – не мислам дека компаниите би се согласиле да се откажат од европскиот пазар“, изјави за новинарите Валери Хајер, претседателка на центристичката пратеничка група „Обнова“.

 

 

 

slobodnaevropa.mk