Експлозија на автомобил -бомба во Турција, девет лица загинати

Осум турски полицајци и еден цивил се повредени денеска во провинцијата Дијарбекир, кога автомобил-бомба експлодирал на автопат додека покрај него минувал нивниот минибус.

Министерот за внатрешни работи Сулејман Шојлу изјави дека две лица се приведени и оти се верува дека тие се одговорни за експлозијата.

Во 05:10 часот утринава дошло до експлозија во паркирано возило, во моментот кога минувало полициско возило со кое се превезувале работници на работа во Дијарбекир, изјави турскиот министер.

Канцеларијата на гувернерот на Дијарбакир соопшти дека во експлозијата нема сериозно повредени, но деветте лица кои се наоѓале во блиндираниот минибус се пренесени во болница на подетални прегледи.

Експлозијата се случила на околу 10 километри јужно од центарот на Дијарбакир, најголемиот град во регионот.

Сè уште никој не ја презел одговорноста за експлозијата.

 

slobodenpecat.mk