Запален автомобил на политичар во Битола, огнот зафатил уште две возила

Во пожар рано утринава изгореа три автомобили паркирани пред зграда на улицата Леринска во Битола.

Огнот прво избувнал во автомобил марка „тојота“, а потоа зафатил уште две возила паркирани до него.

Според неофицијални информации, едниот опожарен автомобил е сопственост на бизнисменот и поранешен кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ, Христо Кондовски.

Според портпаролот на СВР Битола – Сања Стаматова, трите опожарени возила се водат на приватни фирми.

– Пожарот избувнал на паркинг на улица Леринска каде од страна на непознат сторител била фрлена запалива течност при што опожарени биле три возила `тојота рав` хибрид со битолски ознаки сопственост на приватна фирма, корисник била С.К. Другото опожарено возило е ‘пасат’ со тетовски регистерски ознаки сопственост на приватна фирма и третото зафатено со оган возило е `дачија` со скопски ознаки исто така сопственост на приватна фирма. Извршен е увид на местото на настанот се преземаат мерки да се расчисти случајот – изјави Стаматова.