Skip to content
  • Twitter
  • Facebook
  • Youtube
  • Instagram
петок, Јун 27, 2025

News1

Се од Македонија!

  • МАКЕДОНИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • ПОЛИТИКА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • МАГАЗИН
  • TRAVEL
  • Home
  • МАКЕДОНИЈА
  • Започнуваат уписите на првооделенци во основните училишта

Започнуваат уписите на првооделенци во основните училишта

мај 1, 2023Redakcija

Од утре и до крајот на мај ќе трае електронското запишување ученици во прво одделение во учебната 2023/2024 година. Уписот е преку порталот uslugi.gov.mkкаде што родителите/старателите треба да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните скенирани документи. Откако апликацијата ќе биде прифатена, се одредува термин во кој ученикот ќе треба да дојде на разговор со педагогот во училиштето.

Условите за запишување прваче се да има наполнето шест години до крајот на календарската година, да биде доставена потврда за примените задолжителни вакцини за детето, како и потврди за офталмолошки и стоматолошки прегледи издадени од надлежни установи.

По исклучок, детето може да се запише во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

Родителот, односно старателот, има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува.  Основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина само доколку има слободни места за запишување или доколку ученикот од другиот реон или општина нема можност за следење на наставата на својот мајчин јазик во својот реон односно општина.

Оваа дигитална услуга преку порталот uslugi.gov.mk  МОН ја воведе пред две години за упис на првачињата во учебната 2021/2022 година.

mkd.mk

МАКЕДОНИЈАПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Навигација на напис

Физички ги нападнал мајката, сопругата и малолетната ќерка
Во сообраќајка на патот Штип-Плачковица загина 25-годишник од Карбинци

Related Posts

Охриѓанец лишен од слобода откако во семејниот дом ја нападнал сопругата

На 25.12.2022 година во 00.55 часот, во СВР Охрид е пријавено дека охриѓанец  во семејниот дом физички ја нападнал неговата…

Фокус: Утрово пукано кон таткото на исчезнатиот внук од Љубе Бошковски

Утрово околу 8 и 30 часот во скопската населба Лисиче е пукано кон таткото на Самоил Костадиновски, кој е исчезнат…

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени…

Последни Вести

2

Путин: Конфискацијата на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж

redakcija2
3

Муртезани: Позициите на Бугарија мора да се разделат од оние на другите земји членки на ЕУ

redakcija2
4

Трамп ги продолжи вонредните мерки за Западен Балкан во кои е вклучена и „црната листа“

redakcija2
5

Хамнеи: САД „не добија ништо“ од нападите врз Иран

redakcija2
1

Мицкоски со предлог идната година да се спроведе вонреден електронски попис

Станете во контакт

  • Twitter
  • Facebook
  • Youtube
  • Instagram

NEWS1.MK

  • Маркетинг
  • Импресум
Станете во контакт
  • Twitter
  • Facebook
  • Youtube
  • Instagram

Copyright © 2025 News1 | Infinite News by Ascendoor | Powered by WordPress.