Skip to content
  • Twitter
  • Facebook
  • Youtube
  • Instagram
петок, Јун 26, 2026

News1

Се од Македонија!

  • МАКЕДОНИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • ПОЛИТИКА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • МАГАЗИН
  • TRAVEL
  • Home
  • МАКЕДОНИЈА
  • Започнуваат уписите на првооделенци во основните училишта

Започнуваат уписите на првооделенци во основните училишта

мај 1, 2023Redakcija

Од утре и до крајот на мај ќе трае електронското запишување ученици во прво одделение во учебната 2023/2024 година. Уписот е преку порталот uslugi.gov.mkкаде што родителите/старателите треба да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните скенирани документи. Откако апликацијата ќе биде прифатена, се одредува термин во кој ученикот ќе треба да дојде на разговор со педагогот во училиштето.

Условите за запишување прваче се да има наполнето шест години до крајот на календарската година, да биде доставена потврда за примените задолжителни вакцини за детето, како и потврди за офталмолошки и стоматолошки прегледи издадени од надлежни установи.

По исклучок, детето може да се запише во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

Родителот, односно старателот, има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува.  Основното училиште може да запише ученици од друг реон или од друга општина само доколку има слободни места за запишување или доколку ученикот од другиот реон или општина нема можност за следење на наставата на својот мајчин јазик во својот реон односно општина.

Оваа дигитална услуга преку порталот uslugi.gov.mk  МОН ја воведе пред две години за упис на првачињата во учебната 2021/2022 година.

mkd.mk

МАКЕДОНИЈАПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Навигација на напис

Физички ги нападнал мајката, сопругата и малолетната ќерка
Во сообраќајка на патот Штип-Плачковица загина 25-годишник од Карбинци

Related Posts

Да го вратиме малиот Матео дома, семејството бара помош !

Тој е итно пренесен и хоспитализиран во Белград со дијагнозата Syndroma haemolyticouaremica. Малиот Матео боледува од болест која доведува до…

Што договарале Рашковски и Колувија во кафеаната „Мрак“ во Ниш?

Телевизијата „Н1“ во својата репортажа од селото Росоман пишува за плантажите со марихуана, врските со контроверзниот српски бинзимен Предраг Колувија,…

Доаѓа голем влажен бран и пад на температурите

Феноменот “Ел Нињо” под чие влијание сме во моментов и истиот носи потопло време, и секако ни донесе вистинска пролет…

Последни Вести

1

Македонска алијанса за европска интеграција бара Пустец да остане посебна општина и да се преименува во Преспа

redakcija2
2

Тошковски: К9 капацитетите се еден од клучните сегменти во регионалниот систем на безбедност

redakcija2
3

Лишен од слобода српски државјанин, управувал возило со брзина од 100 километри на час повеќе од дозволеното, следува пријава

redakcija2
4

Чарлс III ги откри даноците, ја напушта Бакингемската палатa

redakcija2
5

Пари од Агенцијата за вработување за спас на ПИОМ

redakcija2

Станете во контакт

  • Twitter
  • Facebook
  • Youtube
  • Instagram

NEWS1.MK

  • Маркетинг
  • Импресум
Станете во контакт
  • Twitter
  • Facebook
  • Youtube
  • Instagram

Copyright © 2026 News1 | Infinite News by Ascendoor | Powered by WordPress.