Затворени плажите на стровот Сентос по бродската несреќа во Сингапур

Властите во Сингапур ги затворија плажите на сотровот Сентос на јужниот брег по изливањето на нафта предизвикано од бродска несреќа, објавија денес официјалните лица и локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Поморската и пристанишната управа на Сингапур објави дека брегот на паркот „East Coast“ и природниот резерват „Labrador – Jetty and Rocky Shore“ се затворени, додека Сентос, Тнџонг, Палаван и Силосо Бич остануваат отворени за јавноста, но активности во морето и капењето не се дозволени.

Излевањето на нафтата на терминалот Пасир Панџанг е предизвикано во петокот кога бродски багер под холандско знаме удрил во брод танкер за нафта кој пловел под знамето на Сингапур.

Островот Сентос е популарна и позната туристичка дестинација во Сингапур.

извор:Анадолу.
фото:Анадолу.